Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората кој имаше неколку несфатливи промашувања во првата фаза од Европското првенство откри дека добива гнасни пораки од фановите.
„После мечот со Полска не можев да спијам девет часа. Добив толку многу закани, навреди кон членовите на моето семејство, пораки во кои ми пишуваат дека се надеваат дека моите деца ќе умрат… Но, сега сум добро. Можеби пред неколку години ќе бев уништен. Поминав неколку недели изолиран од сите и тоа ми помага“, изјави Мората.
Тој одигра многу добра сезона во Јувентус постигна 20 голови и имаше 12 асистенции, додека на три натпревари на Шпанија на ЕВРО постигна еден гол, за 1-1 против Полска, со што стигна до вкупно 20 гола за „фуријата“. Сепак, ништо од тоа не му помага бидејќи е обележан како „господин промашување“ и секој промашен удар се издвојува далеку повеќе од постигнатиот гол.
Шпанија во осминафиналето на Европското првенство се среќава со селекцијата на Хрватска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













