Connect with us

Монца го зеде скалпот на Милан (ВИДЕО)

Милан го доживеа петтиот пораз во Серија А оваа сезона откако загуби со 4-2 на гостувањето кај Монца. „Росонерите“ губеа со 2-0 по првиот дел, потоа останаа и со десетмина на теренот поради исклучувањето на Лука Јовиќ, но успеаја да израмнат на 2-2.

Сепак, во финишот, Монца повторно постигна два гола за конечни 4-2.

Песина од пенал и Дани Мота пред истекот на првото полувреме постигнаа два гола за Монца. Лука Јовиќ беше исклучен во 53.минута, а потоа Пиоли ги уфрли во игра Жиру, Пулишиќ и Рафаел Леао.

Жиру во 64.минута намали на 2-1, а Пулишиќ со прекрасен гол израмни на 2-2 во 88.минута. И кога сите помислија дека Милан ќе освои барем бод, нови два гола на Монца.

Бондо во 90.минута со фантастичен удар од 20 метри го совлада Мајк Мањан, а Лоренцо Коломбо во 95.минута го постави конечниот епилог.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови