Пари Сен Жермен опиен од убедливиот триумф над Барселона во ЛШ, заглави на „Паркот на принцовите“ против Монако. Тимот на Маурисио Покетино беше непрепознатлив и загуби со 0-2.
Нико Ковач го надмудри Покетино, одигра отворено и сосема заслужено стигна до победа со Монако. Софијане Диоп во шестата минута донесе предност за „кнезовите“.
Ниту тоа не ги разбуди фудбалерите на ПСЖ. Без Нејмар и без Ди Марија, сите очи беа вперени во Килијан Мбапе, но тој беше одлично чуван на вечерашниот меч.
Во 51.минута, Гиљермо Марипан ја удвои предноста на Монако и беше јасно дека се подготвува големо изненадување. За првпат откако катарските сопственици го презедоа ПСЖ, тимот двапати губи во една сезона од Монако.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













