Монако остана без тренерот Нико Ковач кој доби отказ, но францускиот клуб веќе е во завршни преговори со неговиот наследник. Нов шеф на стручниот штаб на „кнезовите“ треба да биде Филип Клемен.
Човекот кој го предводеше Клуб Бриж до многу успеси во изминатиот период е решението на Монако за тренерската позиција.
Филип Клемент со Генк ја освои титулата шампион на Белгија, а потоа и во следните две години го повтори успехот со Клуб Бриж и важи за убедливо најдобриот белгиски стратег во овој момент.
Медиумите во Белгија најавуваат дека речиси се е договорено и тој ќе биде промовиран во Монако откако ќе ги расчисти сите формалности со белгискиот клуб.
Монако на крајот од 2021 година се наоѓа на шестото место на табелата во францускиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













