Connect with us

Мојсов: Сакаме успешен прволигашки старт, но Шкупи е квалитетна екипа

Повратникот во македонскиот фудбал, поранешниот репрезентативец Даниел Мојсов, ќе големо засилување за Брегалница во оваа сезона, а оптимист е во пресрет на почетокот на сезоната. Штипскиот тим на домашен терен го пречекува Шкупи в недела, на премиерата од новиот шампионат.


„Посакуваме добар натпревар на отворањето на сезоната пред нашите навивачи. Желбата е да се дојде до позитивен резултат, иако знаеме дека Шкупи е навистина квалитетна екипа. Но, од друга страна минавме добри подготовки и ги знаеме нашите цели. Свесни сме дека мора да се дадеме максимумот ако сакаме позитивен старт на сезоната, свесни сме дека мора со заеднички сили на терен да атакуваме на бодовите во текот на целата сезона“, изјави Даниел Мојсов за официјалниот сајт на клубот.

Тој вели дека Брегалница е одлично организиран клуб и очекува добро да плови низ прволигашките води.

„Се чувствувам одлично во тимот на Брегалница, клуб кој очигледно е поставен на едно навистина високо ниво. Дојдов тука како дополнително би придонел за остварување на амбициите на клубот. Желбата на сите нас се успешни настапи во првата сезона по враќањето на тимот во елитата, и без залетување освојување на што поголем број бодови. Но, треба да се остане цврсто на земја, трпеливо и без еуфорично залетување затоа што е јасно дека во Првата лига има голем број екипи со повеќе од сериозен квалитет“ , дополни Мојсов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови