Прволигашката неделна понуда содржи три натпревари. Со оглед дека половина од натпреварите се одиграа вчера, денеска од 16 часот, треба да се докомплетира 28.коло.
По завршената реконструкција на теренот во Штип, Брегалница ќе ја пречека Шкендија на својот стадион, а Даниел Мојсов се надева на позитивен епилог.
„Сигурно против Шкендија ќе биде тежок натпревар. Посакуваме да се претставиме во најдобро светло, и ако го повториме натпреварот против Македонија ЃП убеден сум дека може да триумфираме. Навистина ја респектираме Шкендија, знаеме кои се нивни добри и лоши страни, детално ги анализиравме и се надевам дека ќе ги стопираме нивните силни страни“, вели капитенот Даниел Мојсов.
Шкендија се бори за второто место кое од вчера го држи Македонија ЃП. Затоа тетовци посакуваат победа.
„Секој натпревар носи свој притисок, но ние секогаш влегуваме на зелениот терен за да победиме. Секој играч треба да го даде максимумот поединечно, но во последно време добро функционираме и тимски. Се надевам дека ќе се наметнеме со добра игра на натпреварот во Штип, ни требаат три бода и верувам дека од таму ќе се вратиме со победа“, изјави Џеси, фудбалерот за врска на Шкендија.
Академија Пандев ја очекува тешко гостување кај Ренова во Тетово, а Скопје на домашен терен го пречекува Тиквеш.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (16 Ч.)
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-1
БОРЕЦ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal