
Почеток на пролетниот дел од сезоната. Брегалница денеска (14 часот) на Градскиот стадион во Штип ја пречекува Ренова во првиот натпревар од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Капитенот Даниел Мојсов е оптимист пред средбата со Ренова, верувајќи дека штипскиот тим може да дојде до посакуваните три бода.
„Не чека навистина тежок натпревар против цврст противник кој игра за највисок пласман во лигата. Нема воопшто да ни биде лесно. Навистина ја почитуваме Ренова, но и ние имаме свои амбиции кои не водат оваа сезона. По квалитетните игри во Анталија сигурно посакуваме продолжение во ист стил. Нашата желба е секако победата за која ќе мора секој од нас да го даде максимумот“, вели Мојсов.
Останатите натпревари од 19.коло се на програмата утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (ДЕНЕСКА, 14 Ч.)
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (УТРЕ, 14 Ч.)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – БОРЕЦ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
