
Двајца од лидерите на Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, се очекува да ги продолжат своите договори со клубот. Двајцата ќе потпишат за ист период и ќе останат дополнителни две години на „Енфилд“.
Ова е желбата и на менаџерот на тимот Арне Слот и спортскиот директор Ричард Хјуз.
Што се однесува до третата ѕвезда со договор што истекува, Трент Александер-Арнолд, преговорите се во тек и ништо не е решено, иако медиумите во Шпанија тврдат дека трансферот на англискиот репрезентативец во Реал Мадрид е договорен со 90% веројатност.
Ситуацијата е посложена поради силниот интерес на „кралскиот клуб“ за десниот бек. Нови информации би можеле да се очекуваат уште во јануари, бидејќи самиот играч ќе сака неговата иднина да биде јасна што е можно поскоро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal