
Ветеранот Лука Модриќ и оваа сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Одлучи да остане иако јасно е дека нема да игра некоја од главните улоги во текот на сезоната. Но, тој се сложи и на огромно намалување на платата, само да остане дел од „кралскиот клуб“.
А, кога сте дел од Реал Мадрид, тогаш се нижат освоените трофеи. Модриќ со најновиот пехар стана најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид. Тој стигна до 27. трофеј и сега е осамен на листата, надминувајќи го Начо, кој се пресели во Саудиска Арабија.
За 12 сезони во „кралскиот клуб“, Лука Модриќ опвои четири пехари од Ла Лига, шест од Лигата на Шампионите, два во Копа дел реј, пет од Суперкупот на Европа и од Интерконтиненталниот куп, како и од Суперкупот на Шпанија.
Лука Модриќ досега одиграл 535 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 39 погодоци и 86 асистенции.
ТРОФЕИТЕ НА ЛУКА МОДРИЌ СО РЕАЛ МАДРИД
Лига шампиони: 2013./14., 2015./16., 2016./17., 2017./18., 2021./22., 2023./24.
Ла Лига: 2016./17., 2019./20., 2021./22., 2023./24.
Куп на Кралот: 2016./14., 2022./23.
Суперкуп на Шпанија: 2012., 2017., 2020., 2022., 2024.
Суперкуп на Европа: 2014., 2016., 2017., 2022., 2024.
ФИФА Светско клупско првенство: 2014., 2016., 2017., 2018., 2022.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
