Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, откри дека не размислува за напуштање на „кралскиот“ клуб.
Хрватот веќе една година се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија, но јавно истакна дека не размислува за трансфер.
„Мојот план е да продолжам да пишувам историја во Реал Мадрид, да победувам и да освојувам трофеи и се надевам дека ќе го направам тоа оваа сезона. Се надевам дека ќе уживам во секој момент бидејќи никогаш не знаеш уште колку можности ќе имаш во најдобриот клуб во светот“, изјави Модриќ.
Хрватот има договор до јуни 2024 година, но не е невозможно да ја продолжи соработката со Реал за уште една сезона.
Тој пристигна во Реал Мадрид во летото 2012 година од Тотенхем за 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













