Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ стана рекордер во меѓународните натпреварувања. На натпреварот против Мароко на Светското првенство во Катар, тој стана првиот играч во историјата кој играл на европски и светски првенства во три различни децении.
Модриќ за хрватската репрезентација дебитираше во 2006 година на пријателскиот натпревар против Аргентина. Тој натпревар беше во јануари, а потоа играше на Светското првенство во 2006 година. Потоа следеа настапи на Светските првенства во 2014 и 2018 година.
Модриќ настапи на Европските првенства во 2008, 2012, 2016 и 2020 година. За Хрватска забележа 156 настапи и постигна 23 гола.
3 – Luka Modric is the first player to play in both the European Championship and #FIFAWorldCup in three different decades. Emblematic. pic.twitter.com/28Co8gkKxh
— OptaJoe (@OptaJoe) November 23, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal