
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, потврди дека ќе остане во тимот. Неговиот договор истекува, но хрватскиот ветеран веќе се договорил со раководството на кралскиот клуб и повторно ќе потпише и за следната сезона.
„Се гледаме следната сезона, Мадрид“, им се обрати Модриќ на навивачите на „кралевите“ за време на прославата на освојувањето на Лигата на шампионите.
LUKA MODRIĆ: “SEE YOU NEXT SEASON"
— Dr Yash (@YashRMFC) June 2, 2024
HE'S STAYING 😭🤍 pic.twitter.com/R1t5IhGIl7
„Имавме многу проблеми со повредите, но секогаш си помагавме и бевме како семејство. Тоа е единствениот начин да се победи. Благодарност до нашите навивачи за поддршката. Можеби не ни сфаќаат колку ни се важни“, изјави 38-годишниот играч од средниот ред.
Во текот на сезоната Модриќ одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и осум асистенции.
По финалето на „Вембли“, Лука Модриќ и дефанзивецот Начо Фернандез сега се најуспешните играчи во историјата на Реал Мадрид со по 26 трофеи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
