Connect with us

Модриќ е гневен на Реал, затоа што кога потпиша нов договор планот беше поинаков, а сега седи на клупата

Карло Анчелоти повторно се најде во ситуација да мора на новинарите да им го објасни статусот на Лука Модриќ. Хрватскиот играч за врска и икона на Реал Мадрид оваа сезона има подредена улога во однос на соиграчите, често е на клупата и за разлика од претходните сезони, оваа сезона има помала улога.


На ова не се надеваше кога го продолжи договорот до крајот на тековната сезона.

„Зборував со Лука, тој е навикнат секогаш да игра… Тешко е. Тој е професионалец, многу сериозен. Секогаш тренира за да игра. Го почитувам. Модриќ е лидер во соблекувалната. Се е јасно меѓу мене и него. Тој се однесува професионално и се бори за место во тимот. Може да игра на секој натпревар, но конкуренцијата е голема“, објасни тренерот на Реал Мадрид.

Проблемот со оваа изјава е што, истакнуваат шпанските медиуми, Модриќ не гледа на својата ситуација како Анчелоти. Тој е разочаран бидејќи смета дека не се исполнети ветувањата кои ги доби лани во мај кога се ракуваше со челниците на клубот и се согласи да остане во клубот уште една година.

Доаѓањето на Џуд Белингем, промената на системот и форсирањето на помладите играчи како Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени обично го водат Модриќ кон клупата.

Хрватот е лут бидејќи чувствува дека неговото место на клупата не е поврзано со неговите игри, туку дека тоа е стратегијата на клубот да се потпира на помладите играчи. Затоа тој не гледа на работите како неговиот тренер. Тој одби трансфер во Саудиска Арабија бидејќи Реал му е приоритет, но не на овој начин. Мислеше дека ќе си замине од „Бернабеу“ во голем стил, додека е важен играч на тимот, а тоа сега не е случај.

Модриќ ќе биде стартер за „кралевите“ на денешниот натпревар против Рајо Валјекано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови