Младата репрезентација за фудбалери до 19 години постигна одличен резултат пласирајќи се во главниот квалификациски циклус за следното европско првенство. Македонија во денешниот клучен натпревар славеше со 3-0 над аутсајдерот Луксембург, а во прилог на нашите млади фудбалери одеше и убедливиот пораз на Босна и Херцеговина од Англија од 1-4.
Тошевски и Воша постигнаа погодоци во самиот финиш од првото полувреме за брзо водство од 2-0 на Македонија. Англичаните веќе имаа „плус три“, па на нашите млади играчи им недостигаше само еден гол за да ги скокнат Босанците на табелата. До него конечно успеаја да стигнат во 80. минута, кога Мурати биеше прецизно и донесе огромна радост, осигурувајќи учество во следната квалификациски рунда.
Англија е првопласирана со максимални девет бода, Македонија и БиХ имаат идентични четири бода и гол-разлика „минус два“, но нашиот состав се пласира во следната фаза благодарение на повеќе постигнати погодоци (3-5, наспроти 2-4 на БиХ).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













