
Младинсиот состав на Наполи до 16 години ремизираше со врсниците од тимот на Рома (2-2) во младинската Серија А. Но, она што го одбележи натпреварот и што привлече најмногу внимание е еден од двата погодоци на гостите од Неапол.
Јуниорите на “волчицата”, не го ззадржаа водството од 2-0 што го имаа во одреден период од натпреварот, па “сините” наскоро, ја намалија разликата. Но, сензационалната случка го постави крајниот резултат во “Тригорија”. При изведување на еден удар од аголот во 80. минута, Пинцоло се издигна над сите фудбалери во шеснаесетникот, постигнувајќи нереален погодок со рака.
Додека фудбалерите на Наполи истрчаа да го прослават овој гол, оние на Рома, во неверување и жестоки протести, го обиколија судијата Жито. Но, сепак, одлуката не беше променета, и погодокот остана да важи. Поминаа 35 години од “Божјата рака” на Марадона, кој беше позната легенда на тимот од Неапол, но сигурно би бил повеќе од горд на овој погодок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
