Connect with us

Митровиќ претставен во Ал-Хилал (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ и официјално е нов фудбалер на Ал-Хилал, потврдија од клубот од Саудиска Арабија.


Србинот со клубот потпиша тригодишен договор вреден 25.000.000 евра по сезона, додека Фулам ќе заработи 50.000.000 евра обештетување.

Долго траеше целата сага околу судбината на српскиот репрезентативец, кој пред почетокот на сезоната јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот од Лондон.

Митровиќ во Ал-Хилал ќе му се придружи на репрезентативниот колега Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови