Српскиот напаѓач Александар Митровиќ е на прагот да потпише за Ал-Хилал. Саудискиот клуб ќе плати над 40 милиони евра за Митровиќ, кој ќе потпише договор до 2026 година.
Митровиќ го чека огромна плата од 25 милиони евра по сезона или 75 милиони за тригодишен договор.
Фулам веќе го доведе Раул Хименез од Вулверхемптон и веќе беше јасно дека се подготвени да ја прифатат понудата на Ал-Хилал.
Митровиќ на тој начин ќе се приклучи на веројатно најпознатиот тим од Саудиска Арабија.
Претходно пристигнаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш, Калиду Кулибали, Малком, а до среда ќе пристигне и Нејмар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski