Connect with us

Мишевски: Ќе сториме сѐ пехарот да остане во Ѓорче Петров

Македонија ЃП нема намера да го предаде така лесно пехарот од Купот. Капитенот Филип Мишевски најави дека „лавовите“ се подготвени за голема борба и дека единствена цел им е да го задржат пехарот во Ѓорче Петров.


„Македонија ЃП како клуб има поголем број финални натпревари, но тоа не мора ништо да значи затоа што во Струга ТЛ играат мнгу искусни фудбалери кои исто така освојувале трофеи во кариерата. Сепак, сето тоа паѓа во втор план кога ќе почне натпреварот. Се знаеме добро, игравме три натпревари оваа сезона и сите завршија без победник. Можам да ветам дека ќе се бориме до последен атом на силите и дека ќе сториме сѐ пехарот да го задржиме во нашите витрини уште една година“, изјави Филип Мишевски, капитенот на Македонија ЃП.


Победа за „лавовите“ ќе значи и излез на европска сцена следната сезона, тоа секако ќе биде уште еден мотив повеќе за фудбалерите на Горан Симов.


Финалето меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лум е закажано за утре, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови