Connect with us

Миовски стрелец, а Спировски стартер, во триумфот на МТК против Борец

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец и заедно со Стефан Спировски се најдоа во стартниот состав на МТК на пријателскиот меч против македонскиот прволигаш Борец (5-1) во Анталија. Ова беше тест дуел кој траеше вкупно 120 минути, се одиграа две полувремиња по 60 минути.

Миовски во 15.минута не успеа да реализира пенал, но, сепак, одбиената топка ја смести во мрежата на Борец. По првиот дуел МТК имаше водство од 2-1, а стрелец за Борец беше Кристијан Николовски во 57.минута.

За МТК покрај Миовски погодија и Грозав, Кадлец, Футач и Херера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови