Легендарниот македонски фудбалер Милко Ѓуровски е еден од малкумината кои го носеле дресот на двата српски ривали, Црвена Звезда и Партизан. За оние помладите, Милко Ѓуровски беше ѕвезда на преодниот рок во 1986 година, кога се префрли од Црвена Звезда во Партизан и ги шокираше сите фанови на Звезда чиј миленик беше дотогаш.
Се изнадава голови во Партизан во следните четири години, подоцна играше во Гронинген, а денес живее во Словенија и во разговор за „Спортски журнал“ ги презентираше своите проценки за претстојното 165. вечно дерби.
Иако играше за двата клуба, неговата љубов кон Црвена Звезда остана посилна и тој предвидува минимална победа на „црвено – белите иако мечот се игра во „Хумска“.
„Ќе победат „нашите“, јас сум звездаш. Црвена Звезда ќе победи, ќе биде 0-1 и ќе има малку голови, иако ако некој падне во првите 20 минути, може да биде и поинаку. И тоа го сака публиката. Катаи и Иваниќ се нашата сила, од друга страна, јас му верувам на Лазар Марковиќ, играше за Ливерпул и Бенфика, лесно влегува во шанса, има квалитет, а Партизан го има и Рикардо “, изјави контроверзниот Милко Ѓуровски.
Српското вечно дерби се игра од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal