Connect with us

„Милионерите“ во осминафиналето на Купот на Германија

Борусија Дортмунд се пласира во осминафиналето на Купот на Германија откако успеа на гости да го совлада второлигашот Брауншвајг со 0-2. Матс Хумелс во 13.минута ги доведе „милионерите“ во водство, а точка на триумфот и пласманот во следната рунда стави Џејдон Санчо во судиското продолжение. 

Англичанецот по повеќе од 900 минути конечно успеа да постигне погодок и да се врати во голгетерски ритам.  

Во следното коло се пласираше и Шалке кој славеше на гости (1-3) против Улм, а Гројтер Фурт по пенали го елиминираше Хофенхајм. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови