
Борусија Дортмунд сака да го замени Никлас Фулкруг со друг германски репрезентативец. Напаѓачот денеска треба да го комплетира трансферот во Вест Хем, а „жолто-црните“ сакаат да го доведат Максимилијан Бајер од Хофенхајм, пренесува „Скај Германија“.
21-годишниот фудбалер е заинтересиран за преселба на „Сигнал Идуна Парк“. Се очекува дека оваа недела двата клуба ќе започнат конкретни преговори за трансферот на напаѓачот.
Бајер има договор со Хофенхајм до летото на 2027 година, а цената за неговиот трансфер е околу 30 милиони евра. Тој има 46 настапи за Хофенхајм, на кои постигна 18 голови.
Интерес за него покажуваат и Челси, Астон Вила и Јувентус, но во моментов фаворит за неговиот потпис е Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
