
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) кои ќе се играат во Анталија.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим зборува за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите и за тоа дали ќе има промени во списокот на повикани фудбалери.
„Подолг период сме без репрезентативни активности, но ФИФА термините се исти за сите. Секако дека ни недостасува почесто да имаме собир со фудбалерите за да го реализираме она што е замислено и посебно за воигрување на тимот за тоа што не очекува во септември.
Постојано сме во комуникација со фудбалерите. Ме радува тоа што поголемиот дел од репрезентативците имаат сериозна минутажа во своите клубови, но има и такви што немаат доволно минути во клубовите. Она што е важно, сите се здрави и без проблем со повреди.
Не случајно ги избравме Молдавија и Црна Гора, мислам дека се работи за сериозни противници, неспорно дека се квалитетни затоа што имаа одлични квалификации. Ќе ни послужат за да знаеме во кој правец се движиме и да видиме во каква форма сме.
Списокот ќе биде поширок во однос на квалификациите, ќе има 27 или 28 фудбалери. Поради повреда ќе го немаме Исник Алими. Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Императив за овие два меча ќе биде да се извлече максимумот, а акцентот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации“, вели селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман
