Connect with us

Милевски: Со ладни глави и жешки срца да го победиме Исланд

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (18 часот) го игра решавачкиот меч за пласман во баражот на СП во Катар 2022. Ни гостува Исланд, „должникот“ од Рејкјавик, а на Македонија и е потребен триумф за да ја оствари целта.

Селекторот Благоја Милевски вели дека нема притисок, дека националниот тим се подготвува како и пред секој натпревар.

„Нема притисок, ќе ја имаме и поддршката од публиката на наша страна. Се подготвуваме како и за секој натпревар. Подобро е кога сами можеме да решаваме за својата судбина. Треба да влеземе во натпреварот, како што ние велиме, со ладни глави и со жешки срца. Очекувам да одиграме уште еден квалитетен натпревар и секако, да победиме“, вели селекторот Благоја Милевски.

На Исланд водевме со 0-2, но на крајот неколку индивидуални грешки пресудија сепак да ремизираме (2-2).

„Се надевам дека ќе направиме многу помалку индивидуални грешки, дека ќе ги сведеме на минимум и дека на крајот ќе успееме да ја оствариме целта“, дополни селекторот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови