Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за завршницата од квалификациите за ЕВРО 2024. Следи гостувањето во Прага и дуелот против Украина, а потоа и пријателскиот меч со Ерменија.
Селекторот Благоја Милевски се надева на уште еден квалитетен натпревар, но и дека лекцијата од првиот меч со Украина е научена.
“Влегуваме во завршницата од овие квалификации, мислам дека не очекува еден отворен натпревар, со оглед дека и на двете селекции им е потребна победа. Можеби е ова и клучен натпревар што ќе го определи текот и позициите на табелата, потоа не очекуваат дуели со Италија и со Англија. Се враќа во тимот Дарко Чурлинов кој одигра еден меч за Барнли У23 по долгата пауза. Недостасува Доријан Бабунски, тоа е моја одлука, зборував со него, но тој е секако тука и дел од оваа група. Имаме лимитиран број на фудбалери кои се конкурентни за да настапуваат на ниво во овие квалификации за ЕВРО, но се трудиме да го извлечеме максимумот од сите”, изјави Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













