
Македонската фудбалска репрезентација ја запиша својата втора победа во Лигата на нации, победувајќи ја Летонија со 0-3 во Рига. Јани Атанасов го постигна првиот гол во 35. минута, Лирим Ќамили го удвои водството на 0-2 во 70. минута, а Елиф Елмас со фантастичен погодок во 90. минута ја потврди убедливата победа.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од постигнатиот резултат, но истакна дека одредени аспекти од играта треба да се подобрат.
„Ова е триумф на играчите. Имавме добри потези, посед и контрола на играта, но имаше и моменти кои мора да ги подобриме и на тоа ќе се фокусираме во иднина. Поразот од Англија со 7-0 во Манчестер беше точката од која почнавме да го создаваме овој тим. Полека ја добиваме физиономијата и стилот на игра кој сакам да го гледам, но има простор за уште поголем напредок. Што се однесува до Елиф Елмас, тој заслужува огромна почит од сите, бидејќи без разлика на ситуацијата во клубот или други проблеми, секогаш е подготвен да игра за Македонија. Долг период играше за сите младински селекции, од У16 до У21. Добивме играч што го посакувавме и во Лирим Ќамили, но и сите други заслужуваат максимален респект за сѐ што прават за Македонија и покрај огромните проблеми и во клубовите, но и со повреди, вируси. Моравме денеска да одиме и со план „икс“, да влезе и Дарко Велковски“, изјави селекторот Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
