
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Азербејџан со 1-3 и на очаен начин ја заврши годината. На последните пет меча е без победа, а ако се навратиме назад, сме го победиле само Гибралтар.
Селекторот Благоја Милевски признава дека ова е силна шлаканица во вистинско време, за сите во и околу националниот тим – да се освестат.
„Би сакал да му честитам на противникот за победата и одличниот натпревар. Што се однесува до нас и тоа како ќе ни послужат овие натпревари. Ако од нешто бев задоволен со Финска, на денешниот натпревар имаше некои позитивни работи само во првото полувреме додека не го примивме голот. Од друга страна, мора да сум искрен, ова е една убава „шлаканица“ за сите нас и мора да си го ставиме прстот на чело и да се замислиме сите добро како и колку го почитуваме македонскиот дрес. Тука почнувам јас од себе, па до сите членови на тимот. Ако може да има нешто позитивно од сето ова, добро е што таа шлаканица дојде сега. Фудбалски не се сомневам дека ќе бидеме спремни, но мора да се спремиме во своите глави дека нема лесни противници и дека во фудбалот нема импровизации. Мора да имаш прво самопочит, кон самиот себе, почит кон она што го носиме тука сите од нас, за да се може да се почитува моментот што си член на репрезентацијата на Македонија. Ние сме истите, но односот кон националниот тим не е ист“, изјави Милевски по натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
