
Фудбалската репрезентација на Македонија во ноември ја очекуваат двата последни натпревари од Лигата на нации. На домашен терен нашиот национален тим ќе ги пречека Летонија и Фарски Острови, а селекторот Благоја Милевски денеска го објави и списокот на повикани фудбалери.
На него како дебитанти се Марко Алчевски и Бехар Фета, а повратник е и Сефер Емини.
„Да им посакам добродојде на двајцата дебитанти Алчевски и Фета. Се надевам дека ќе се наметнат со својот потенцијал и во иднина ќе бидат важна алка во националниот тим. За жал дефинитивно нема да игра Тихо Костадинов, а Муслиу и Трапановски се неизвесни поради повреди. Свесни за важноста на овие два меча и наша примарна цел е да завршиме на првото место. Очекувам победа против Летонија, но очекувам многу потежок дуел од тој во Рига. Потоа ќе размислуваме и за вториот меч против Фарски Острови. Летонија е селекција која сака да игра фудбал, бара да го има поседот на топка кај себе. Ние добро одговоривме на средбата во Рига, наша цел е и во Скопје да ја наметнеме нашата игра и да имаме контрола“, изјави селекторот Благоја Милевски.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal