
МАКФУДБАЛ во Ереван,
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (во 18 часот) во Ереван ќе го одигра најважниот натпревар во овој циклус од Лигата на нации. По убедливата победа над Летонија (0-3) во Рига, тимот на Благоја Милевски ќе се соочи со Ерменија, која е главниот конкурент за првото место во групата. Триумф или нерешен резултат нѐ носат многу блиску до конечната цел.
Иако селекторот не сака да се фокусира на претходните меѓусебни пресметки, јасно е дека доколку останеме непоразени, нашите шанси за освојување на првото место во групата значително ќе се зголемат.
„Веќе кажав дека натпреварите помеѓу Македонија и Ерменија ќе бидат клучни за првото место во групата. И понатаму стојам на тој став. Имаме високо мислење за квалитетот на ерменската репрезентација и сме целосно подготвени за утрешниот важен натпревар. Атмосферата во нашиот тим е одлична, а јас секогаш верувам во моите фудбалери. Нѐ очекува силен противник и не е првпат да играме вакви значајни натпревари против Ерменија. Веќе ни се и како судбина“, изјави Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal