
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, останува на позицијата до крајот на квалификациите за ЕВРО 2024. Тоа значи дека до крајот ќе го одработи договорот кој е со важност до ноември оваа година.
И покрај тензиите, најавите за негова смена, и изјавата на капитенот Стефан Ристовски дека нема да игра за националниот тим сѐ додека е селектор Благоја Милевски, челниците на ФФМ одлучија дека Милевски ќе ја има довербата до крајот на циклусот, односно до истекот на неговиот договор.
Ова веројатно е и крај на шпекулациите дека Македонија ќе има нов селектор кој би можел да пристигне од Србија или од Црна Гора, од каде се споменуваа имињата на Владан Милојевиќ и на Миодраг Божовиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
