МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди стартниот тим за денешниот квалификациски меч против Украина во Прага. Мечот започнува во 15 часот, а тој направи принудна замена во одбраната.

Во одбраната ќе игра Никола Серафимов, на местото на повредениот Ѓоко Зајков.
Во стоперското трио се и Висар Муслиу и Јован Манев. На десната странична позиција е Стефан Ашковски, а лево ќе делува Езгјан Алиоски. На голот е Столе Димитриевски.
Во средниот ред се Јани Атанасов, Енис Барди и Агон Елези, а во нападот ќе играат Елиф Елмас и Бојан Миовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













