Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, вели дека нема да биде лесно да се стигне до триумф на гостувањето кај Фарски острови.
Новата сезона во Лигата на нации, македонскиот национален тим ја отвора на 7. септември против Фарски острови на гости, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Ерменија.
„Жал ми е што Дарко Велковски е без клуб и нема да биде во комбинација, Дени Илиев исто така е повреден. Дебитант е Кристијан Трапановски кој со настапите за Данди Јунајтед заслужи да биде дел од тимот“, вели Милевски за изборот.
Првиот предизвик е гостувањето на Фарски Острови.
„Фарски Острови одамна не се селекција за билгање гол-разлика. Ја победија Турција, сигурно дека се незгоден противник. Се игра на вештачка трева, ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Ние ќе мора да бидеме на максимумот од своите можности, ако сакаме да оствариме успех. Потоа ќе размислуваме и за Ерменија“, истакна селекторот Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













