Connect with us

Милевски: Бугарија има нов селектор и нов тим, а ние сакаме победа

Фудбалската репрезентација на Македонија е подготвена да одигра квалитетен натпревар и се надева на триумф на утрешниот натпревар (20.45 часот) против Бугарија во Скопје. Селекторот Благоја Милевски се надева дека се ќе мине во најдобар ред и ривалот ќе биде пријателски пречекан, како што тоа се случи и со Македонија во Разград.


„Би сакал да потенцирам дека Македонија имаше одличен прием во Разград, за тоа и јавно се заблагодарив, немаше свирежи на химната и никакви инциденти. Верувам дека така ќе биде и утре во Скопје, цивилизирано да се навива и да се бодри својата селекција. Јас и мојата федерација размислуваме единствено на спортски план и би сакал во таков амбиент да мине целиот меч. Што се однесува до натпреварот, Бугарија има нов селектор со нова филозофија на игра и многу нови фудбалери. Тоа можеби е мал проблем, но секако дека ние сме фокусирани на нашата игра и верувам дека ќе го добиеме тоа што со играта го заслуживме и против Грузија во Тбилиси“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови