Српскиот репрезентативец и стопер на Фиорентина, Никола Миленковиќ, на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Фиренца.
Сепак, тој нема да ја продолжи кариерата во Јувентус, како што првично објавија италијанските медиуми, туку ќе се пресели во Вест Хем.
Имено, меѓу Миленковиќ и лондонскиот клуб веќе е постигнат начелен договор.
Миленковиќ има само уште една година договор со Фиорентина, па според медиумите трансферната цена ќе биде „само“ 16 милиони евра наместо досега споменатите 40 милиони европски банкноти.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement