
Италијанскиот калчолигаш Милан ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Манчестер сити, Натан Аке, до крајот на зимскиот преоден рок. Тој треба да биде замена за повредениот Симон Кјаер кој ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на коленото.
Мисијата да се доведе Аке, сепак, нема да биде лесна за раководството на „росонерите“. Тој досега настапи на 14 натпревари за Сити оваа сезона, а во последните три беше стартер во тимот на Пеп Гвардиола.
Кјаер се повреди минатиот месец во победата од 3-0 против Џенова, па нема да може да му помогне на Милан, кој во моментов е втор во Серија А со еден бод негатива зад лидерот Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal