
Милан започна преговори со Арсенал за потенцијален трансфер на дефанзивецот Јакуб Кивиор. Идејата на италијанскиот клуб е трансферот да се случи во последен момент од зимскиот преоден рок.
23-годишниот Полјак не можеше да се наметне кај „топчиите“, играјќи само четири натпревари како стартер и вкупно 302 минути фудбал.
Откако пристигна од италијанската Специја во 2023 година, Кивиор е трет избор, зад Вилијам Салиба и Габриел во централниот дел од одбраната.
Кивиор е клучен играч за полската репрезентација, имајќи веќе 19 настапи од неговото деби во мај 2022 година. Според италијанскиот печат, Милан е во разговори со Арсенал за дефанзивецот и сака да го врати во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
