Милан Стојаноски дебитираше на нeславен начин на клупата на Пелистер. Тој го искажа своето разочарување по поразот од Шкендија Арачиново (1-0) и елиминацијата од Купот на Македонија, истовремено упатувајќи извинување до сите верни навивачи.
„Очекував многу повеќе од овој натпревар, бидејќи добро ја одигравме контролката против Динамо. Иако беше пријателска, очекував победа. Сето она што го прикажаа момците во изминатите десет дена на тренинг ми даваше надеж за позитивен резултат. Меѓутоа, противникот беше борбена второлигашка екипа, а ние не одговоривме ниту со агресија, ниту со карактер. Игравме многу бавно и безидејно.
Како тренер, им се извинувам на нашите навивачи за овој тежок пораз. Се надевам дека ова ќе биде поука и поттик за сите нас, и дека ќе се насочиме кон првенството, кое е наш приоритет. Верувам дека ќе следуваат многу подобри партии“, изјави Милан Стојаноски.
Следен предизвик за Пелистер ќе биде прволигашкиот меч против Силекс во Кратово, кој ќе се одигра на 26 октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













