
Милан го потврди ангажманот на новиот напаѓач Сантијаго Хименез, кој пристигнува од Феенорд за сума од 32+3 милиони евра, плус процент од идна продажба. Мексиканскиот репрезентативец потпиша договор до 2029 година со годишна плата од околу 2,5 милиони евра со вклучени бонуси.
Тој ќе го носи дресот со број „7“, кој претходно му припаѓаше на Алваро Мората, кој се пресели во Галатасарај.
¡Órale, wey! AC Milan just got a bit more Mexican 🇲🇽 @Santigim11 #DNACMilan #SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) February 3, 2025
Хименез блесна во Феенорд откако пристигна во 2022 година за шест милиони евра од Круз Азул. Од тогаш, тој одигра 105 натпревари и постигна 65 голови, додека запиша и 14 асистенции. Со тимот од Ротердам ги освои сите домашни трофеи, вклучувајќи ја титулата во Ередивизие, Купот на Холандија и Суперкупот на земјата.
На репрезентативно ниво, Хименез има 32 настапи за Мексико со четири постигнати голови и две асистенции. Оваа сезона блеска со 16 голови во 19 натпревари, што го направи прва мета на „росонерите“ во зимскиот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
