Connect with us

Милан сака Оливие Жиру да остане на „Сан Сиро“

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, е блиску до нов договор со клубот. „Росонерите“ веќе подготвија понуда за францускиот интернационалец, кој има договор до крајот на актуелната сезона. Идејата е тој да потпише нов договор до летото 2024 година.


Иако сега има 35 години, Жиру продолжува да биде важна фигура, како во Милан, така и во француската репрезентација.

Тој сезонава има седум меча и четири гола во Серија А, а пред неколку дена погоди за победа на Франција над Австрија во Лигата на нации и стана најстариот стрелец во историјата на „петлите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови