Италијанскиот калчолигаш Милан сака да го задржи турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ и по завршувањето на сезоната. Тогаш истекува неговиот актуелен договор, а раководството на „росонерите“ се обидува да му понуди нов договор за продолжување на соработката. Но, најголем проблем се финансиите.
Чалханоглу кој сега заработува 4 милиони евра по сезона, за потпис на следниот договор бара зголемување на годишната плата на 6 милиони евра. Тоа е преголем залак за Милан во услови на пост-финансиска криза поради пандемијата на коронавирусот.
За Хакан Чалханоглу интерес покажаа и италијанскиот првак Јувентус и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













