
Милан покажува сериозен интерес за десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, и ќе се обиде да го ангажира играчот во претстојното лето, пренесуваат медиумите во Италија. 30-годишниот дефанзивец минатата година имаше клучна улога во освојување на титулата, но од почетокот на оваа сезона е критикуван за неговите настапи.
Италијанските медиуми се фокусираа и на евентуалната замена на Стефано Пиоли со Антонио Конте по крајот на сезоната, што би го направил евентуалниот трансфер уште поверојатен.
Ди Лоренцо има договор со Наполи до јуни 2028 година и годишно заработува три милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
