Connect with us

Милан сака да го доведе тренерот на Ал-Итихад на местото на Пиоли

Милан ја разгледува можноста за нов тренер да го назначи Марсело Галјардо, тврдат италијанските медиуми.

Аргентинскиот стручњак моментно е тренер на саудискиот клуб Ал-Итихад во кој играат ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо. Сепак, се очекува Галјардо да го раскине договорот со клубот кој е петтопласиран во саудиската лига. Така, тој ќе може слободно да преземе друг тим, што предизвикува интерес кај „росонерите“.


Можен проблем би била платата на 48-годишниот тренер кој од „жолто-црните“ добива 22 милиони евра по сезона.

Галјардо го презеде Ал-Итихад во ноември и забележа 14 победи, три нерешени и 13 порази со тимот во сите натпреварувања. Тој претходно го водеше аргентинскиот гигант Ривер Плата осум и пол години, освојувајќи 13 трофеи, вклучувајќи два пехари во Копа Либертадорес и една аргентинска титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови