Connect with us

Милан Ристовски: Повторно поради наши грешки загубивме од Грузија

МАКФУДБАЛ во Тбилиси,

Македонија на двата натпревари против Грузија беше подобар противник во поле, но и двата ги загуби. Напаѓачот Милан Ристовски вели дека повторно неколку грешки беа кобни за нашиот национален тим и придонесоа за нов пораз (2-0).


„Жалиме што повторно загубивме на наши грешки, исто како и на дуелот во Скопје. Некои грешки се повторија, а имаше и неочекуван пад на концентрацијата. Заслуживме повеќе од овој меч, имаме квалитет, но сега не ни останува ништо друго освен да се одмориме добро, да ги анализираме тие грешки и да се обидеме да ги поправиме во Скопје на следниот меч против Бугарија“, изјави Милан Ристовски.


Македонија в понеделник ја пречекува Бугарија во Скопје во последниот меч од годинашното издание во Лигата на нации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови