
Милан ја објави разделбата со тренерот Стефано Пиоли, кој го презеде тимот во 2019 и го предводеше до титулата во Серија А во 2022 година.
Се очекуваше Пиоли да го напушти клубот по сезоната во која Милан заврши на второто место во Серија А, но не успеа да се носи со градскиот ривал Интер во трката за титулата, испадна во групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа имаше разочарувачки елиминации во Купот на Италија и во Лига Европа.
„Милан изразува срдечна благодарност до Стефано Пиоли и целиот негов стручен штаб што го водеа првиот тим во изминатите пет години, обезбедија незаборавна титула во лигата и повторно воспоставија постојано присуство на Милан во највисокото европско натпреварување“, се вели во официјалното соопштение.
„Професионализмот и човечкиот пристап на Стефано значително придонесоа за растот на тимот, отелотворувајќи ги основните вредности на клубот од првиот ден“, велат од Милан.
Пиоли стана херој на „росонерите“ кога ги доведе до нивниот прв трофеј во Серија А по 11 години, а потоа се бореше да го надгради тој успех.
„Стефано Пиоли ја изразува својата благодарност до Милан за можноста да биде дел од историјата на овој славен клуб“, се вели во соопштението на клупската веб-страница.
„Тој е длабоко благодарен на сопствеништвото, управата, тимот, персоналот и сите во Миланело и Каса Милан за нивната поддршка и извонредна посветеност“.
Менаџерот на Лил, Пауло Фонсека, кој претходно ја водеше Рома, е фаворит за преземање на клушата на Милан и наводно веќе е постигнат договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
