Connect with us

Милан не бил во толку лоша серија цели 49 години

Миланското „Дерби дела Мадонина“ во 21. коло од Серија А му припадна на Интер. Избраниците на Симоне Инзаги забележаа минимална победа против Милан со голот на Лаутаро Мартинез, и на најголемиот ривал му го нанесоа четвртиот пораз во низа.


„Росонерите“ немаат победа од 4. јануари кога ја победија Салернитана. Оттогаш забележаа пет порази и две нерешени средби.

Тренерот Стефано Пиоли доби жестоки критики и поради одлуката да го остави Рафаел Леао на клупата и да го почне мечот со дефанзивна ориентација.

Работите се уште полоши кога ќе се погледнат само последните шест натпревари. Во нив Милан секогаш беше тим што прв ќе прими погодок. Италијанскиот гигант нема толку лоша серија од март и април 1974 година, кога беше подеднакво неуспешен под водство на легендарниот Чезаре Малдини.

Во следното коло Торино го пречекува Милан и би можел да влијае за нов антирекорд на актуелниот шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови