Connect with us

Милан ќе го задржи Пулишиќ до 2028 година

Италијанскиот калчолигаш Милан е подготвен да ја активира клаузулата за продолжување на договорот на Кристијан Пулишиќ до јуни 2028 година, пишува весникот „Кориере дело спорт“.
Капитенот на фудбалската репрезентација на САД има 13 гола и осум асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања во тековната сезона 2023/24.


Пулишиќ му се приклучи на Милан од Челси минатото лето за сума од 20 милиони евра, а „Кориере дело спорт“ го нарече Американецот „најдоброто летно засилување на тимот“.
Актуелниот договор на 25-годишниот офанзивен играч за врска истекува во јуни 2023 година, но миланскиот гигант има опција да го продолжи на уште една сезона.

Кристијан Пулишиќ е задоволен од животот во Италија и е целосно посветен на клубот.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го пофали Пулишиќ по победата во саботата.

„Ги знаев неговите квалитети, но почувствував и нешто многу позитивно кога разговаравме на телефон пред трансферот. Тој внимателно слушаше што имав да кажам. Неговиот став е одличен. Тој е професионалец за пример, работи многу сериозно и му помага на тимот да стане посилен“, изјави Пиоли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови