Connect with us

Милан ја купува ѕвездата на Лил

Лидерот во Серија А, тимот на Милан, би можел да заврши одлична работа за следната сезона. Станува збор за доведување на талентираниот 22-годишен стопер, Свен Ботман, холандскиот интернационалец кој се истакна во дресот на актуелниот француски шампион Лил.


Њукасл го посакуваше по секоја цена, но не го доби во зимскиот преоден рок, иако понуди 50 милиони евра. Од друга страна, Милан би можел да добие попуст, имајќи ги предвид одличните односи со раководството на Лил.

Она што дефинитивно треба да се спомене е дека Ботман веќе се договорил со Милан за личните услови на договорот, односно 3,5 милиони евра по сезона, со петгодишен договор.

Милан е подготвен да плати 30 милиони евра за трансферот на Ботман и пред договор е и со Лил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови