Дежа ву. Се вратија победничките денови на „Сан Сиро“. Милан е првопласиран на табелата во Серија А и има пет бода предност во однос на Интер и на Сасуоло. Избраниците на Стефано Пиоли имаат и рекорден старт на сезоната во италијанскиот шампионат.
Милан изминатиов викенд славеше над Фиорентина со 2-0, нема пораз на последните 21 натпревар во Серија А, последен пат загуби во март, минатата сезона од Џенова. „Росонерите“ оваа сезона имаат седум победи и две ремија на девет натпревари и досега собраа 23 бода, најмногу од сезоната 1994/95 откако за победа се сметаат три бода во Италија.
Милан исто така израмни уште еден клупски рекорд. Постигна гол на 29 последовни меча, што е надобра низа од далечната 1972 година. Тогаш Милан исто така постигнуваше голови на 29 меча едноподруго, во периодот од декември 1972 до декември 1973 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













