Connect with us

Милан го сака Тадиќ, ама Ајакс не го пушта

Милан го прогласи Душан Тадиќ за една од најважните цели во преодниот рок. Тие го сакаат и неговиот поранешен соиграч Хаким Зијеч, како и напаѓачот на Челси, Оливие Жиру.


На „Сан Сиро“ се свесни дека Лигата на шампионите е сосема поинакво натпреварување, дека им требаат поискусни играчи и затоа Малдини толку многу инсистира на Тадиќ. Тој постигна 22 гола минатата година и имаше 26 асистенции. Иако холандската лига не може да се спореди со Серија А, Тадиќ е способен да игра на неколку позиции, добро се снаоѓа и како втор напаѓач, а може да игра и на крилните позиции.

Сепак, трансферот на Душан Тадиќ не е блиску до реализација затоа што Ајакс не сака да го пушти капитенот. Милан е подготвен да плати 15 милиони евра, но холандскиот клуб не може така лесно да најде добра замена и нов лидер на тимот.

Србинот на „Сан Сиро“ би добил договор на три година, а сумата би била околу 9 милиони евра бруто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови