
Италијанскиот првак Милан ќе се обиде да ја искористи ситуацијата во Пари Сен Жермен и да го доведе Нејмар на позајмица на „Сан Сиро“. Паоло Малдини има предлог до раководстото на ПСЖ за едногодишна позајмица за Нејмар, но само доколку „росонерите“ плаќаат дел од неговата годишна плата.
Нејмар заработува 35 милиони евра по сезона, а Милан би бил подготвен да плати едвај половина од таа сума. Но, ако се земе предвид дека ПСЖ сака да го исплати Нејмар до крајот на неговиот договор, до 2027 година, само за да се ослободи од него, тогаш јасно е дека постои простор за преговори.
Бразилецот беше купен за рекордни 222 милиони евра од Барселона во 2017 година, но никогаш не успеа да ги оправда огромните средства кои беа вложени во него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
